Ви треба помош?

Телефон: (+389)45287086

Емаил: opstina_plasnica@yahoo.com

Општина Пласница

Географиja
Општина Пласница се наоѓа во средишниот дел на Западна Македонија и се протега на северните и североисточните падини на Бушева Планина и планината Сач. Територијата на општина Пласница има површина од 54,30км². Општината се граничи на североисток со општина Македонски Брод, на југоисток со општината Крушево и селото Сопотница и на запад со општина Вранештица.  
Во состав на општината се 4 населени места кои се сместени во горниот тек на реката Треска: Пласница,Преглово, Лисичани и Дворци. Територијата на општина Пласница се наоѓа под влијание на умерено-континентална клима, која се одликува со ладни и врнежливи зими и суви и топли лета. На високите планини е изразена планинска клима со кратки и ладни лета и долги и снежни зими. Најтопол месец со средна месечна температура е јули со 20,0 C°. Најстудени месеци се јануари со просечна месечна температура од 0,6 C° и декември со просечна месечна температура од 2,1 C°. Екстремните температури се движат од 38,9 C° во август до минус 25,9 C° во февруари. Годишниот период на сончеви часа изнесува 2263 часа или 6,2 часа дневно.
Историja
Општина Пласница во овие администратитвни граници е од 1996 година според новата теритиријална поделба на Република Македонија, со поделба на општина Македонски Брод, кога се формирани уште две нови општини: Самоков и општина Пласница.
Демографија
Според пописот од 2002 година во општина Пласница живеат 4.545 жители во 1.125 домаќинства и 1.225 станови. Густината на населеност во оваа општина е 84,2 жит./км². Според националната припадност во општината живеат 4.446 Турци, 34Македонци, 20 Албанци и 45 жители кои се изјасниле како припадници на други заедници.

Општина Пласница
Општина Пласница